Утрински Весник
Македонија

Несовесни да не ја поврзуваат атмосферската  вода во канализациската мрежа, апелираат од кавадаречки „Комуналец” 

Несовесни да не ја поврзуваат атмосферската  вода во канализациската мрежа, апелираат од кавадаречки „Комуналец” 

Кавадарци, 18 јуни 2019 (/) – Несовесни да не ја поврзуваат атмосферската  вода во канализациската мрежа, во изјава за /, апелираат од кавадаречки “Комуналец”. Оттаму нагласуваат дека како последица на невремето кое синоќа го зафати градот, имале десетина интервенции кај поплавени подруми и помошни простории. На едни места црпеле вода со пумпи, а на други отпушувале затнати канализации.

-Веднаш откако почна невремето, излеговме на терен со 15 работници, со по два скипа и трактори и еден кипер. Се чистеа наносите од камења и песок и се ослободуваше патот од селото Ваташа до месноста Моклиште. На лице место за цело време беше и градоначалникот Митко Јанчев, информираше денеска директорот Ѓорѓи Поп Ицов.

Тој додаде дека во текот на денешниот ден, се изврши гребење на наносите на одделни места, рачно, но и машински, со скипчиња. Се мијат и се чистат улиците, како и сливниците, за целосно да се отстранат наносите од поројните дождови. свд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран