Утрински Весник
Македонија

Неизвесно е кога ќе се одржи Вардарската регата„ Гемиџии 2019“

Неизвесно е кога ќе се одржи Вардарската регата„ Гемиџии 2019“

Велес, 24 јуни 2019 (/) – Вардарската регата „Гемиџии 2019“,  10 тата по ред  возобновена или 21-ва  од кога е востановена, а   која  низводно Вардар од Велес до Гевгелија традиционално  на крајот на јуни и почетокот на јули се одржува во чест на славните Солунски атентатори Гемиџиите, засега  нема најава  кога ќе се одржи.
Организаторите, Здужението на граѓани „Вардарска регата“ и Општина Велес која ја финансира, се уште немаат договорено термин за нејзино одржување, а  од Општина Велес за /,  информираат дека за оваа намена од општинскиот буџет се планирани да се издвојат 100 илјади денари.
Градоначалникот Аце Коцевски на последната прес-конференција одржана  месецов,  до него се уште никој не се јавил за нејзино одржување.
-Се надевам дека тие што традиционално ја организираат секоја година, ќе ја органиизираат и годинава, а Општина Велес односно Советот одобри  финансиски средства за нејзино одржување.

 

Инаку, од Општина Велес денеска дознаваме дека за таа намена од општинскиот  буџет Советот одобрил да се издвојат 100 илјади денари.

Минатата година за таа намена беа издвоени 80 илјади денари, но регатата за разлика од претходните лета  беше скратена со учесници од 60 на само 25 и наместо до Гевгелија во четири, лани  низводно Вардар се пловеше во три етапи од Велес до Удово.

Како што информира за /, Себо Шакиров од ЗГ „Вардарска регата“ тие уште пред неколку месеци се обидувале да се договорат со одговорните во Општина Велес за нејзинот одржување, но не била најдена согласност.

-Баравме освен мене втор потписник да биде претставникот од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ , а кои се соорганизатори и редовни учесници на регататат, но тоа не ни беше одобрено и не се договоривме со Општина Велес за нејзиното одржување. Сега нема време да се одржи на крајот на јуни бидејќи за пловидба по Вардар има подолги  процедури  за добивање дозвола од Капетанијата и други обврски околу безбедноста на учесниците и друго што е неопходно за пловидба по Вардар. Јас сепак се надевам дека ќе изнајдеме заедничко  решение со Општина Велес и дека Вардарската  регата годинава нема да се прекине и наместо во вообичаениот термин ќе се одржи во септември, како што беше лани, потенцира Шакиров.

Инаку првично и сите години организаторите на Вардарската регата имаат една голема желба Вардарската регата наместо до Гевгелија да плови низводно Вардар до Солун.
Тоа е по патеката на велешките трговци кои со дрвени гемии во 19 и почетокот на 20 век носеле разни стоки од Велес за Солун. Реплика на дрвената Гемија беше изработена и пуштена да плови на Вардарската регата  во 2014 година.ад/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Османи на 29. Министерски состанок на ОБСЕ, Полска

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ