Утрински Весник
Македонија

НБРМ: Во мај продолжи намалувањето на каматната стапка на вкупните кредити

НБРМ: Во мај продолжи намалувањето на каматната стапка на вкупните кредити

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Во мај годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто оствари месечен пад од 0,03  процентни поени и изнесува 5,20  проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,41  процентни поени, објави денеска Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити овој месец е непроменета во однос на април и изнесува 1,41 процент,  додека во однос на мај минатата година е намалена за 0,05 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити во мај просечната каматна стапка забележа месечен пад од 0,03  процентни поени и изнесува 4,68 проценти, додека на годишно ниво се намали за 0,25 проценти поени. Раст од 0,04 процентнми поени има кај просечната каматна стапка на новопримените депозити, којашто изнесува 1,31 процент. На годишна основа каматната стапка е намалена за 0,12 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во мај забележа месечен пад од 0,04  проценти поени и изнесува 4,48 проценти. Спореедено со мај лани таа е пониска за 0,48 процентни поени.

Намалување од 0.09 процентни поени има кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, којашто во мај годинава изнесува 1,61 процент. Во мај годинава, просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор се зголемила за 0,10  процентни поени и изнесува 1,12 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,27  процентни поени.лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници