Утрински Весник
Македонија

На собраниската седница за новите министри се дебатира и за Груевски и Курто Дудуш

На собраниската седница за новите министри се дебатира и за Груевски и Курто Дудуш

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Собраниската расправа за изборот на нови министри тече во тензична атмосфера со обвинувања меѓу власта и опозицијата. Дел од расправата се и поранешниот премиер Никола Груевски и случајот со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ со фотографија од Груевски од судот во Будимпшта им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дојдат на власт се додека не се оградат од Груевски.

– Се дури не се оградите од овој човек со лисици, капче и наочари во суд во Будимпешта, се дури не се оградите од овој човек кој уште ви ги дава насоките како да постапувате преку неговата уста и очи кој се вика Христијан Мицкоски, нема да дојдете на власт. Граѓаните не сакаат да гледаат пак такво ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде главен уредник на вести и полицаец во МВР, кое ќе биде и прв судија, ќе монтира судски процеси. Граѓаните нема да го дозволат тоа, рече Костадинов.

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој рече дека СДСМ изгубиле многу гласови на последните претседателски избори.

Атмосферата стана тензична и кога пратеникот Влатко Ѓорчев се осврна на случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш по што реагираше претседателот на Собранието со укажување дека Дудуш не е тема на денешната собраниска седница. бак/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачки до Ахмети: Ако Ковачевски чека одобрување за да отиде на тет-а-тет средба со претседателот Мицкоски, дајте му го

Кузеска: СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука

Полициски службеник тешко повреден по пад од мотоцикл