Утрински Весник
Македонија

На пролет нова спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром

На пролет нова спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – На пролет учениците од ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром треба да добијат нова училишна спортска сала. Почетокот на градежните работи на новата спортска сала денеска ги означија премиерот Зоран Заев, министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Премиерот Заев потсети дека повторно се во ова училиште, кое беше отворено пред еден месец.

– Учениците кои учат во ОУ „Вера Јоциќ“ ќе добијат нова модерна мултифункционална спортска сала за една година од сега. Проектот е замислен да почне сега, а за една година најдоцна да биде пуштен во употреба. Со тоа се отвораат огромни можности за спортување и за негување здрави навики на учениците, децата и младите од Општина Гази Баба, рече Заев. Додаде дека спортските здруженија и клубовите ќе можат да регрутираат и откриваат нови спортски таленти, да се одржуваат спортски натпревари и да се дружат жителите.

Заев информира дека ООУ „Вера Јоциќ“ е едно од четирите новоизградени училишта во последниот период, а во тек е градба на уште две нови училишта. Од почетокот на проектот за 145 спортски сали, ова е една од 15 што се гради во нашата земја. Најави дека Владата со МОН и општините работат интензивно на градба на капитални градби во образованието.

Министерот Адеми нагласи дека учениците ќе добијат современи услови за спортување и рекреација. Најави дека ова нема да биде последна инвестиција во Општина Гази Баба, а ќе се вложува во сите општини, рурални и урбани.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека салата ќе биде комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, соблекувални, санитарни јазли, туш кабини и канцеларија за професорите, а ќе се протега на 650 метри квадратни. Учениците ќе може да играат кошарка, одбојка, мал фудбал, ракомет и повеќе гимнастички спортови. Салата енергетски е ефикасна , а ќе има пристап на лица со инвалидност.

-Владата ни е добар партнер во реализација на капитални проекти кои се од големо значење на граѓаните од Гази Баба.Владата од својот буџет за изградбата на оваа нова училишна спортска сала одвои околу 24 милиони деанри и очекуваме да биде готова до идната пролет, посочи Георгиевски.

Тој додаде дека летниот период го користат за целосна реконструкција на покриви на три основни училишта, „Његош“ „Крум Тошев“ и „Григор Прличев“. Се поставува енергетска фасада на училиштето „Дане Крапчев“, а се реконструираат и останатите училишта во Гази Баба за подобрување на условите  во образовниот систем. мд/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“