Утрински Весник
Македонија

На почетокот на летната сезона исчистен патот покрај велешкото рекреативното езеро „Младост“

На почетокот на летната  сезона исчистен патот покрај велешкото  рекреативното езеро „Младост“

Велес, 21 јуни 2019 (/) – По налог на Општина Велес, екипи на ЈКП „Дервен“, денеска го исчистија и измија патот долж езерото Младост, на потегот од хотел Глориус до хотелите Романтик и Бела Вода“.

Како што појаснуваат од Општина Велес, целта на денешната акција  била да се уреди пристапниот пат долж езерото пред стартот на туристичко – капачката сезона. Ова езеро е  посетено посебно во лето од голем број домашни и странски туристи, кои тука поминуваат на пропатување кон и од Грција.

Од Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до сите посетители отпадот, особено лименки, конзерви и стакло, кои се многу опасни за капачите и посетителите на езерото, да го фрлаат во поставените контејнери и корпи за отпадоци. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер