Утрински Весник
Сцена

На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

Лос Анџелес, 18 јуни 2019 (/) – Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет“, Дејв Мастејн изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.

Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех. Третманот на музичарот е веќе почнат.

Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од нејзините концерти.

Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија“, а награден со „Греми“ во 2017 година.ир/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка