Утрински Весник
Македонија

Научно стручна дебата за намалување на ризици од катастрофи

Научно стручна дебата за намалување на ризици од катастрофи

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Научно стручна дебата „Намалување на ризици од катастрофи – градење на отпорно општество“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Факултетот за безбедност-Скопје (УКЛО) и Институтот за социолошки и политичко правни истражување од Скопје (УКИМ).

Учесниците на дебатата, како што најавуваат организаторите, ќе зборуваат за последните заклучоци на Глобалниот форум за намалување на ризици од катастрофи, за Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи 2009-2019, како и за социолошките аспекти на современите ризици и за здравствените аспекти во националната платформа.

Расправата се спроведува во рамки на научно истражувачки проект „Воспоставување на академска мрежа за истражување и студии во доменот на намалување на ризици од катастрофи“, која има за цел актуелизирање на теми поврзани со ризиците од катастрофи, зајакнување на институционалната и персоналната соработка на истражувачите и професионалците кои работат во оваа област, како и генерално подигнување на општата и професионалната свест за процесите кои се поврзани со ризиците од катастрофи. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран