Утрински Весник
Македонија

Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе има засилен северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара