Утрински Весник
Македонија

Натпревар по прва помош за основците од Скопје

Натпревар по прва помош за основците од Скопје

Скопје, 9 јуни 2019 (/) – Градски натпревар по прва помош во категорија подмладок ќе организира денеска Црвен крст на Град Скопје со цел подигање на свеста кај младите за значењето на првата помош во секојдневниот живот.

Ќе има повеќе од 200 учесници – ученици од основните училишта на територија на Град Скопје, стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди, волонтери. Натпреварот ќе се одржува на Водно од 10  до 14 часот.

-Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето, како и првата помош, имаат централно место во нашата организација и со нив градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери, соопшти организаторот на натпреварот. хс/аа/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом