Утрински Весник
Спорт

Насри заминува во Андерлехт

Насри заминува во Андерлехт

Брисел, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Андерлехт доби засилување за следната сезона, откако Самир Насри потпиша договор за една сезона, со можност за продолжува на уште една година.

Искусниот 32-годишен Французин беше слободен играч по завршувањето на соработката со Вест Хем, така што Андерлехт за него не мораше да плати надомест.

Насри во Белгија заминува на покана на Винсент Компани, кој во мај, по освојувањето на шампионската титула на Англија со Сити како капитен одлучи да се врати дома, и во Андерлехт има позиција на играч-тренер.

– Добив многу одлични понуди, но го одбрав Андерлехт, бидејќи имам голема желба да им помогнам на Винсент и клубот во постигнувањето на нивните цели, изјави Насри.

Насри во својата богата кариера одиграл вкупно 513 натпревари, на кои постигнал 71 гол. За репрезентацијата на Франција настапил 41 пат постигнувајќи пет голови. ем/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкараз го „збриша“ Циципас и закажа супер-полуфинале против Ѓоковиќ

Партизан ја доби „мајсторката“ со Цедевита Олимпија, ќе има ли финале против Звезда?

Ал-Итихад го потврди милионскиот договор за Карим Бензема