Утрински Весник
Бизнис

Намалување и бавниот раст на работоспособното население предизвик за земјите од регионот

Намалување и бавниот раст на работоспособното население предизвик за земјите од регионот

Скопје, 16 јули 2019 (/) – На пазарот на труд во земјава се забележува континуиран раст на работоспособното население и раст на вработеноста, но според проценките на меѓународните институции, на среден рок се очекува забавување на тој раст, што наметнува потреба од особена внимателност и од таргетирано делување на пазарот на труд и кај нас, преку натамошно спроведување активни политики и мерки насочени кон пазарот на труд, подобрување на квалификуваноста на работната сила, но и поопшто, спроведување структурни реформи и јакнење на институциите, со што ќе се забрза процесот на конвергенција кон повисоки нивоа на доход.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса што се одржа во хрватскиот град Дубровник.

Настанот е организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на која учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и  експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту.

На тркалезната маса  учесниците заклучија дека намалувањето или бавниот раст на работоспособното население во услови на неповолни демографски движења и емиграција претставува предизвик за сите земји во регионот на ЦИЈЕ. Тоа упатува на потребата од преземање повеќе мерки за зголемување на стапката на активното население, особено на жените, продолжување на животниот век на населението, зголемување на квалификуваноста на работната сила, како и поттикнување иновации и автоматизација. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

Нагло падна притисокот во „Северен тек 2“: откриено опасно истекување

Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме