Утрински Весник
Македонија

Наесен треба да почне изградбата на новата детска градинка во Струмица

Наесен треба да почне изградбата на новата детска градинка во Струмица

Струмица, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Наесен треба да почне да се гради нова детска градинка во Струмица во поранешната касарна со капацитет за 250 деца, а изградбата треба да чини околу 1,7 милиони евра, информираа на денешната прес конференција претстаници на општина Струмица.

Според Никола Годев, раководител на Секторот за локален економски развој средствата се обезбедени од грант од министерството за труд и социјална политика.

– Општина Струмица стои на располагање и презеде обврска за целосно инфраструктурно уредување на околината, струја, канализација, вода и друго и доколку е потребно кофинансирање од општина Струмица тоа ќе го има, рече Годев.

Според Софија Ристова Патрикова, раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи во општина Струмица, согласно генералниот урбанистички план предвидена е локација за изградба на нова детска градинка во поранешната касарна.

– Градежната парцела има површина од 7.400 метри квадратни, со максимална површина за градење од 1.800 метри квадратни. Објектот на градинката, кој што е проектиран, е со габарит од 1.400 метри квадратни и со тоа се дозволува поголема слободна неизградена површина на градежната парцела. Висината на објектот нема да го наруши погледот во однос на дугите објекти. Станува збор за објект со катност од приземје и еден кат, а пристапот е обезбеден, рече Ристова Патрикова.

Со изградбата на новата детска градинка ќе се надмине проблемот со прекубројност на децата во клоновите на градинката „Детска радост“, каде наместо 550, колку што е сега предвидено, престојуваат двојно повеќе деца од различни возрасти.

– Оттука произлезе идеата да аплицираме за изградба на нова градинка. Покрај тоа, имаме аплицирано за доградба на градинка во Клон 2, каде треба да се доградат две простории. Планираме да ги прошириме сместувачките капацитети и во поранешата гимназија „Јахја Кемал“ со адаптирање и пренаменување за деца од 6 до 10 годишна возраст за целодневен престој, информираше Дивна Молчанова, советник за заштита на деца во општина Струмица.

Годинава општина Струмица реализираше уште еден проект од областа на детската заштита со адаптирање простории во населените места Куклиш и Муртино со средства од ИПА фондовите во висина од 120 илјади евра и учество на општината од 1,3 милиони денари. рт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“