Утрински Весник
Спорт

Надал нема да учествува на турнири на трева до почетокот на Вимблдон

Надал нема да учествува на турнири на трева до почетокот на Вимблдон

Мадрид, 10 јуни 2019 (/) – Победникот на „Ролан Гарос“ Рафаел Надал нема да игра на турнири со тревната подлога до почетокот на Вимблдон.

– Сакам да играм на трева, но јас не можам да настапувам во континуитет подолго време како што тоа го правев пред 8-10 години. Значи, нема да играм сè до Вимблдон, изјави Надал.

Во последните две изданија на Грен слемот во Лондон, Надал беше задоволен од своите игри.

– Ми се чинеше дека бев блиску до победа. Нијанси фалеа да стигнам до финалето. Чувствувам дека сè уште можам да се натпреварувам, па зошто да променам нешто? – истакна шпанскиот тенисер.

Вимблдон 2019 ќе се одржи во периодот 1-14 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија