Утрински Весник
Спорт

Навивачите на Барселона не сакаат да се врати Нејмар

Навивачите на Барселона не сакаат да се врати Нејмар

Барселона, 22 јуни 2019 (/) – Фановите на Барселона не се согласуваат со евентуалното враќање во тимот на Бразилецот Нејмар.

„Ел Мундо Депортиво“ спроведе анкета меѓу навивачите на каталонскиот клуб. На прашањето „Дали ќе го прифатите враќањето на Нејмар во Барселона? 71,2 проценти од испитаниците одговориле негативно.

Фановите не го прифатија начинот на кој Бразилецот го напуштил клубот, одејќи во ПСЖ. Исто така, нивните стравови се предизвикани од физичката состојба на Нејмар, кој често се повредува и му треба долг период за закрепнување. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето