Утрински Весник
Македонија

Мухамедалија: Големи инвестиции во Порој за да нема нови поплави

Мухамедалија: Големи инвестиции во Порој за да нема нови поплави

Порој, 5 јули 23019 (Утрински Весник) – Советникот во Општина Тетово од редовите на Беса, Басри Мухамедалија одржа прес-конференција во селото Порој од каде побара побрзо решавање на проблемот со Поројска река и превентивни мерки со цел да нема нови поплави.

Тој ги повика државните власти, премиерите, министрите и градоначалниците да не се занимаваат со козметички инвестиции, туку да се вклучат во радикални инвестиции што ќе доведат до вистинско подобрување на ситуацијата во Порој и пошироко

– Поплавите во Порој доаѓаат уште во шумата од над селото Ѓермо каде водата носи земја, дрвја и камења. Во времето на поранешна Југославија имаше изградено брани и каскади кои за жал не се одржуваа, а истите по поплавите од последниве години беа целосно уништени. Сега жителите на селото Порој и околните села се загрижени дури и при најмали врнежи од дожд, рече советникот Мухамедалија.

Тој потсети дека жителите на Порој го имаат овој проблем и поплави од 1930, 1968, 1979, 1997, 2015 година и најпосле во 2017 година.

– Имаше многу ветувања, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, заедно со неговиот владин тим, како и градоначалникот на Тетово Теута Арифи, каде во 2017 година ветија дека проблемите со поплавите ќе бидат спречени. Иако премиерот Зоран Заев рече дека веднаш ќе интервенира и исто така рече дека 2018 година ќе биде година на работа и инвестиции, но за жал тоа не се случи, како што беше најавено, рече советникот. ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ