Утрински Весник
Македонија

Мултикултурен ден во Кичево

Мултикултурен ден во Кичево

Кичево, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Во присуство на голем број гости и граѓани на Кичево, во Центарот за култура  попладево се одржа 6. Мултикултурен ден.
Најпрво во холот од Центарот за култура беа претставени носии од сите националности кои живеат во оваа општина: македонската, албанската, турската, ромската, влашката и српската носија, со сите особености. Потоа во големата сала, во рамки на културно-забавната програма, настапија ученици од основните училишта. Изведоа ора, а познати солисти од Кичево изведоа песни на албански јазик, додека Друштвото на ромите се претстави со ромски игри.
Учениците од турската заедница изведоа скеч, додека културно уметничките друштва на македонците од Кичево изведоа сплет од ораа и песни.
По завршувањето на програмата се дегустираше храна подготвена од сите етнички заедници.
-И годинашниот Мултикултурен ден е доказ дека се повеќе растеме и ги отстрануваме слабостите кои се појавија претходните години. Големиот интерес на граѓаните потврди дека овој настан си го најде своето место меѓу нашите сограѓани и затоа треба да се надградува и да продолжи да се негува, рече Ханифе Зибери, член на Здружението за развој на граѓанското општество „Вредит да си од Кичево“ кое го организираше на Мултикултурниот ден. рз/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

50 санкции за недавање првенство на минување