Утрински Весник
Македонија

МТСП: Со Младинската гаранција ја намалуваме невработеноста кај младите

МТСП: Со Младинската гаранција ја намалуваме невработеноста кај младите

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – За да ја намалиме невработеноста на младите во Северна Македонија втора година по ред ја имплементираме Гаранција за млади. Младинската гаранција е дел од Европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица, во период од четири месеци од пријавувањето во Агенцијата за вработување квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука, или практикантство, порача  Мирјана Алексевска, раководител на Сектор за политики од областа на трудови право и политики за вработување во МТСП во своето обраќање на Меѓународната конференција на трудот во Палатата на нациите во Женева на сесијата на која присуствуваат преставници од над 180 земји.

Таа заедно со делегација од Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и работодавачите од Северна Македонија, присуствува на конференцијата со која се одбележува и 100 -годишнината на Меѓународната организација на трудот.

-Гаранцијата за млади се спроведува со техничка помош на Меѓународната организација на трудот и Република Северна Македонија е прва земја во регионот која ја имплементира. Во оваа прилика би сакала да информирам дека поставената цел е надмината и рализацијата Гаранцијата на млади во 2018 година која се пилотираше во три општини изнесуваше 41,7 отсто што не охрабри и годинава да ја спроведуваме, рече Алексевска.

Истакна дека овој јубилеј треба да не потсети на досегашните достигнувања во областа на трудот, но и да ја искористиме 100 -годишнината како мотив за гледање нанапред во разрешувањето на динамичните односи кои ги носи современиот развој и технологијата.

-Во насока на нашата посветеност за побрзо вклучување на младите лица на пазарот на трудот донесовме и посебен Закон за практиканство, со кој се дава можност на млади невработени лица одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови и за тоа да им биде платено. Со тоа ја зголемуваме нивната вработливост, рече Алексевска.

Од МТСП порачуваат дека Владата и понатаму останува на патот на унапредување на работните услови, намалување на родовиот јаз и нееднаквоста во пазарот на трудот, свесна за значењето на социјалниот дијалог и заедничката борба на сите чинители за пристојна работа, во услови на слобода, еднаквост, сигурност и човечко достоинство. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат