Утрински Весник
Македонија

Мрежно поврзување на библиотечниот фонд

Мрежно поврзување на библиотечниот фонд

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Презентација за вклучување и членство на училишните библиотеки во библиотечно-информацискиот систем на Македонија (COBISS.MK) се одржа денеска во Општина Карпош. На презентацијата присуствуваа претставници од библиотеките при училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, вкупно десет на број.

– Станува збор за бесплатно вклучување на училишната бибилиотека во системот COBISS.MK, без плаќање на стандардниот еднократен надоместок за инсталација, во висина од 40.000 денари, и без надоместок за месечна членарина до три истовремени работни станици (лиценци), во траење од една година од датумот на вклучување на библиотеката во системот COBISS.MK (стандардната минимална месечна членарина е 33 евра, во денарска противвредност за една лиценца), појаснуваат од Општината.

Оваа специјална понуда, како што соопштуваат од Општината, ќе важи за сите училишни библиотеки, што ќе се вклучат во системот до 31 декември 2019 година. Под вклучување се подразбира инсталирање на локална база на податоци и програмската поддршка COBISS за училишната библиотека, што се врши откако училиштето ќе склучи договор за членство во овој систем.

– COBISS (Cooperative Online Bibliographic System and Services), претставува организациски модел кој се применува за градење и развој на националниот библиотечно- информациски систем на Македонија. Истоимената програмска поддршка на библиотеките им овозможува автоматизирање на сите библиотечни процеси, водење електронска евиденција на набавката и приемот на библиотечниот материјал, електронска евиденција на корисниците на библиотеките и зајмената граѓа, обработка на библиотечниот фонд и водење јавно достапен електронски каталот, врз принципите на заемна (кооперативна) каталогизација. Го изработува и развива Институтот за информациски науки-ИЗУМ од Марибор, Словенија. COBISS се применува и во други држави од регионот ( Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Албанија), меѓусебно поврзани во мрежа COBISS.Net, во која членуваат повеќе од 1.300 библиотеки, се наведува во соопштението од општина Карпош. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“