Утрински Весник
Свет

Момчето кое уби 8 лица во САД зависник од секс

Момчето кое уби 8 лица во САД зависник од секс
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека мотивот на осомничениот за смртоносниот напад во салоните за масажа во Атланта и пошироко сè уште не е утврден, иако официјалните лица велат дека тоа е најверојатно проблем на зависност од секс, отколку расно прашање.

„Мотивот допрва треба да се утврди“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа. „Но, без оглед на мотивот, знам дека азиските Американци се многу загрижени“, рече тој.

Официјални лица соопштија дека осомничениот за убиството на осум лица е зависник од секс и дека пукањето веројатно не било мотивирано од расна омраза.

Официјални лица велат дека осомничениот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, често бил во салони за масажа каде се случило смртоносното насилство и бил фатен на пат кон Флорида, каде што можеби сакал да изврши повеќе напади.

Шест од осумте жртви биле жени со азиско потекло.

„Осомничениот ја презеде одговорноста за пукањето“, изјави полициски службеник.

„Искушението е она што тој сакаше да го отстрани“, рече тој, осврнувајќи се на проблемот со зависноста на осомничениот од секс.

Во автомобилот на Лонг е пронајден пиштол од 9 мм.

Иако првичните истраги покажуваат дека осомничениот не бил мотивиран од расна омраза, официјалните лица изјавиле дека е сè уште рано да се каже со сигурност, а истрагата продолжува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија