Утрински Весник
Македонија

МНР објави дежурен телефонски број од Генералниот конзулат во Солун

МНР објави дежурен телефонски број од Генералниот конзулат во Солун

Скопје, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Министерството за надворешни работи објави дежурен телефонски број на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето што го зафати синоќа полуостровот Халкидики во Грција.

Дежурниот број од Генералниот конзулат во Солун е 00306987200410.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, а десетици се повредени. нд/aa/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8