Утрински Весник
Македонија

МНР: Досега нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики

МНР: Досега нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики

Скопје, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија за Утрински Весник од МНР.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, живото го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописничката на Утрински Весник од Атина.

Жртвите од невремето се туристи од Романија, Чешка и Русија кои биле во близина на првиот крак, додека, пак, од вчера попладне еден рибар се води како исчезнат.

Повредените се пренесени во неколку болници на Халкидики и во Солун, а една жена е хоспитализирана на интензивна нега. Неофицијално, меѓу повредените има и деца.вг/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници