Утрински Весник
Спорт

Младеновиќ и Бабош ја освоија титулата во двојки на „Ролан Гарос“

Младеновиќ и Бабош ја освоија титулата во двојки на „Ролан Гарос“

Париз, 9 јуни 2019 (/) – Кристина Младеновиќ (Франција) и Тимеа Бабош (Унгарија) ја освоија титулата кај дамите во двојки на Отвореното првенство на Франција во тенис. Младеновиќ и Бабош победија категорично во финалето против Кинескињите Саисаи Женг и Инин Дуан со 6:2, 6:3.

Така тие заслужија втор трофеј од Гренд-слем турнирите како тандем по Австралија опен минатата година. За Младеновиќ пак титулата е втора на „Ролан Гарос“ по 2016 година, кога таа триумфираше со сонародничката Каролин Гарсија.

Французинката и Унгарка продолжија со своите одлични перформанси во Гренд-слем турнирите со трето финале по ред кај дамите, но овој пат успешно, откако двете останаа вицешампионки на Отвореното првенство на САД во септември минатата година и во Австралија во јануари.

Младеновиќ ќе ја предводи светската ранг-листа кај двојките од утре, а Бабош ќе биде втора.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ферстапен ја донесе конструкторската титула за Ред бул во Сузука, двоен подиум за Мекларен

Де Јонг се повреди, ќе отсуствува до ноември

(Видео) Волеј на Бруно за победа на Јунајтед кај Барнли