Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во посета на општина Петровец

Мицкоски во посета на општина Петровец

Скопје, 9 јули 2019

Денеска сме овдека на еден навистина прекрасен момент  кога се гледа како се вложува во иднината и развојот на една општина.

Градоначалникот на општина Петровец е пример кој што треба да го следат и сите  оние други неуспешни градоначалници коишто се во Република Македонија се разбира. Денеска жителите на овие населени места во општина Петровец добија навистина пристојни услови за функционирање, услови коишто се навистина идеални, се разбира идеалното колку што може да се биде во денешно време во Република Македонија.

Средствата кои што се обезбедени како што кажа и градоначалникот, се обезбедени од ИП фондовите и истите се наменски искористени за овие проекти на кои што денеска присуствуваме.

Јас би посакал и во иднина на истите оние градоначалници кои што денеска гледаме како му слугуваат на деспотот Заев да го следат овој пример и конечно наместо мудрување и правење работи кои што навистина повеќе личат на реално шоу отколку на вистинско работење на градоначалник, да го следат примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и така да продолжат да работат, да инвестираат во развојот на нивните општини, а на тој начин ќе инвестираат и во развојот на Република Македонија.

 Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

               

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза