Утрински Весник
Спорт

Михајловиќ: Сите се интересираат за мене, само Лацио не

Михајловиќ: Сите се интересираат за мене, само Лацио не

Рим, 10 јуни 2019 (/) – Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е зачуден зошто неговиот поранешен клуб додека беше активен фудбалер, Лацио, никогаш не пројавил интерес за соработка.

– Лацио никогаш не ме повика. Искрено, ова е чудно. Тренирав 10-12 години, работев со седум или осум различни клубови од Серија А, но никогаш не слушнав за Лацио. Ова е чудно, бидејќи пред пет години Јувентус ме контактираше, а потоа и Наполи. мене ме ценат сите освен Лацио? Тоа е разочарувачки, изјави Михајловиќ.

Србинот беше пред потпис со Рома, но по притисоците од навивачите на лутиот ривал на Лацио, трансферот пропадна.

– Точно е, бевме многу блиску до договор. Сепак, сфатив дека не се подготвени за ова. Бев подготвен, но не и тие. Сфаќајќи дека јас ќе морам сам да се борам, се откажав. Затоа, им се заблагодарив за нивниот интерес, информира Михајловиќ.

Тој тренерската работа ја почна како асистент во Интер, а потоа беше прв тренер на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, неколку дена на Спортинг и сега е во Болоња. Во периодот 2012-13 беше селектор на Србија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија