Утрински Весник
Македонија

Министерот Спасовски на седница на Локалниот совет за превенција на Дојран

Министерот Спасовски на седница на Локалниот совет за превенција на Дојран

Скопје, 26 јуни 2019 (/) – Локалниот совет за превенција како меѓуинституционално тело претставува извонредна можност за навремено и точно детектирање на сите предизвици важни за функционирањето на една локална средина, но уште повеќе – можност за локално стратешко планирање и нудење сеопфатни решенија кои ќе бидат целосно во интерес на сите жители на општината, изјави министерот Оливер Спасовски на денешната седница на Локалниот совет за превенција на општина Дојран.

– Партиципацијата на полицијата во работата на Локалниот совет за превенција за нас во Министерството за внатрешни работи е од исклучителен интерес како во поглед на продлабочување на комуникацијата со граѓаните, така и во поглед на интензивирање на таа соработка особено во контекст на нашата примарна цел да ја етаблираме полицијата како реален сервис на граѓаните. Само преку блиска, секојдневна и отворена комуникација меѓу граѓаните и полицијата можеме да претендираме на подинамично зголемување или подобрување на квалитетот на живеење, од аспект на проблематиките и работите за коишто законски е обврзана и надлежна полицијата. Всушност, токму блискоста и соработка го сочинуваа темелот на ефикасното превентивно делување, изјави Спасовски.

Според Спасовски, денешната средба претставува одличен пример за тоа како локалната самоуправа треба да се справува и да делува, не само во насока на благовремено превенирање на сите потенцијални проблеми, туку и во насока на севкупно подобрување на стандардите  и сигурноста на живеење на сите граѓани во рамки на општината.

-Се разбира, секоја локална самоуправа има свои специфики, што тргнуваат од различитоста на потенцијалите и капацитетите со кои што располага која било локална средина. Тие специфики, пак, ја детерминираат, условно кажано – агендата на работа и функционирање на Локалниот совет за превенција, како што е впрочем случајот и со локалниот совет при општината Дојран, особено за теми како што се на пример туристичката сезона која што веќе започнува, или превенцијата и заштитата од пожари, исто така горлива и важна тема што ја тангира општината Дојран, рече Спасовски.

Министерот Спасовски имаше средба и со градоначалникот на Дојран Анго Ангов на која разговараа за меѓусебната соработка во корист на граѓаните од оваа општина, како и за обновувањето на врската меѓу локалната заедница и полицијата. аа/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата