Утрински Весник
Македонија

Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers“ по големиот успех во Либан

Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers“ по големиот успех во Либан

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers“, по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен First Lego League настан, што се одржа во Либан. Станува збор за натпревар во едукативна роботика, што се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.

Манчевски, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, го поздрави нивниот успех, и како што истакна, тој да се биде втор во толку голема конкуренција значи многу и за нив, но и за државата што поради „Space Walkers“ е на мапата на најуспешни држави во областа на роботиката за деца. На средбата присуствуваа и претставниците од СТЕМ академијата во Скопје, кои се ментори на овој тим.

– Децата го претставија својот проект и ги раскажаа импресиите од нивната посета на Либан и учеството на натпреварот. Tимот го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од петто до деветто одделение во неколку основни училишта во Скопје, посочија од Министерството.

Како што рече министерот Манчевски, Владата и МИОА, се на располагање за секој вид на поддршка, за учество и на други натпревари и нижење на уште поголеми успеси.

– Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност. Наша обврска и должност како држава е да им бидеме партнер и помош во тој процес, рече министерот Манчевски. рп/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ