Утрински Весник
Спорт

Милан Поповиќ е нов ракометар на Металург

Милан Поповиќ е нов ракометар на Металург

Скопје, 21 јуни 2019 (/) – Црногорскиот репрезентативец Милан Поповиќ е првото засилување на Металург за новата сезона, објавија металурзи на клупската веб-страницата.

Поповиќ (29 г., 186 см., 82 кг.) потекнува од школата на Ловќен од Цетиње, а игра на позиција лево крило. Тој во Металург доаѓа од редовите на Пелистер, каде одигра една сезона и беше најдобар играч на битолчани, со постигнати 174 гола.

Милан Поповиќ со Металург потпиша едногодишна соработка. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања