Утрински Весник
Спорт

Милан блиску до договор со УЕФА да не игра во Лигата на Европа

Милан блиску до договор со УЕФА да не игра во Лигата на Европа

Нион, 18 јуни 2019 (/) – Милан е блиску до договор со УЕФА, според кој нема да му биде дозволено да учествува во Лигата на Европа следната сезона.

Според „Кориере дела Сера“, италијанскиот клуб побарал да биде казнет со цел да има повеќе време да ги задоволи барањата за финансиски ферплеј.

Ако двете страни се разберат, Спортскиот арбитражен суд (КАС) ќе го потврди договорот со тоа што нема да се меша.

Се очекува дека европската фудбалска централа ќе одлучи во рок од 72 часа. Ако УЕФА се согласи со овие услови, Милан ќе може безбедно да инвестира во трансфери ова лето.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око

ФИФА поведе постапка против Србија за дискриминација и недолично однесување на дуелот со Швајцарија