Утрински Весник
Свет

Мигрантските кампови во Грција под клуч до август

Мигрантските кампови во Грција под клуч до август

Грција повторно го продолжи рокот во кој ќе бидат затворени мигрантите кампови поради страв од ширење на коронавирус, така што ограничувањата воведени на 21 март ќе важат до 2 август, јавува Би-би-си.

Забраната за движење надвор од камповите, воведена на 21 март, е продолжена до 2 август од превентивни причини и да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Министерството за миграција, објаснувајќи дека тоа е неопходно заради зголемениот број на пациенти во земјата.

Досега, во грчките мигрантски кампови нема пријавено смртни случаи од Ковид-19, каде моентално се наоѓаат 31.000 баратели на азил, сместени на пет грчки острови.

Во остатокот на Грција, обврската за носење маски на вработените и клиентите во супермаркетите е на сила од денес, а казните за непочитување на тоа правило се 150 евра.

Со само 194 смртни случаи, Грција избегна голема епидемија на коронавирус, поради што ги отвори аеродромите за меѓународни летови на 1 јули, додека летовите од Лондон беа воспоставени на 15 јули.Сепак, просечниот број на нови случаи на ден се искачи на 35, од 25 во јуни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел