Утрински Весник
Македонија

МЗ: Од денеска достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

Клиника за нефрологија: Пациентите со трансплантиран бубрег редовно примаат имуносупресивна терапија

Скопје, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Министерството за здравство соопшти дека првпат во државава од денеска достапен е лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза, која спаѓа во групата на ретки болести. Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти.

– Идиопатска белодробна фиброза е заболување на белите дробови со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза. Лекот Пирфенидон е прв избор за третман на идиопатска белодробна фиброза, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот. Преку програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни седум милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години, стои во соопштението од Министерството. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра