Утрински Весник
Македонија

Меѓународен фолклорен фестивал од 16 до 18 јули во Куманово

Меѓународен фолклорен фестивал од 16 до 18 јули во Куманово

Куманово, 12 јули 2019 (Утрински Весник)Дванаесет културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од земјава, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и од Колумбија ќе учествуваат на тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал.

Од 16 до 18 јули тој ќе се одржува на градскиот плоштад во Куманово, а доколку временските услови бидат неповолни, ќе биде преместен во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 

Ќе има околу 250 учесници кои ќе дефилираат по градските улици пред почетокот на фестивалот,  а еден час во рамки на тридневниот фестивал ќе настапи и националниот ансамбл „Танец“. 

Организатори на фестивалот се КУД „Панче Пешев“ и Фондацијата за култура и спорт, со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Тие очекуваат фестивалот  да  ги задоволи вкусовите на љубителите на фолклорот. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“