Утрински Весник
Македонија

Меѓународен детски турнир во мал фудбал во Македонска Каменица

Меѓународен детски турнир во мал фудбал во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 23 јуни 2019 (/) – Македонска Каменица денеска е домаќин на Меѓународен детски турнир во мал фудбал за генерации 2008/09 година.

Како што информираа организаторите, освен домашната екипа на ФК „Караман – Џафер” од Македонска Каменица, на турнирот учествуваат и екипите  ФК „Јабланица“ од Србија, ФК „Торпедо” од Кочани и ФК „Разлог” од Разлог, Бугарија.

– Турнирот го организираме прва година и очекуваме да прерасне во традиција. Најважно од се е младите фудбалери да разменат искуства со врсниците од Србија и Бугарија, кои притоа ќе одиграат и фудбалски натпревари меѓу себе, информираат организаторите.

По завршувањето на турнирот, како што посочија, ќе бидат доделени благодарници за учесниците.

Според планираното, екипата од Македонска Каменица ќе учествува и на возвратните пријателски натпревари што ќе се одиграат во Бугарија и Србија. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“