Утрински Весник
Македонија

Меѓунардна соработка за зајакнување на училиштата од руралните средини

Меѓунардна соработка за зајакнување на училиштата од руралните средини

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Културата, мултикултурализмот и историјата претставуваа главни нишки за да се направи соработка меѓу основното училиште „Аврам Писевски“ од Бардовци и училиштето „Други Шумадијски Одред“, Марковац, општина Велика Плана, Србија, информираат од општина Карпош.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за две училишта кои се лоцирани во рурални средини, но се истакнуваат со својата креативност и проекти за здрава исхрана и заштита на животната средина.

Гостите од Србија денеска се сретнале со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, при што имале можност да се запознаат со работата на локалната самоуправа.

– Благодарејќи на иницијативноста на директорката на „Аврам Писевски“, Матилда Бајкова, ова училиште полека, но сигурно го добива својот вистински сјај. Веќе функционира отворената училница – еко градина во состав на училишниот двор, а во текот на летниот распуст целосно ќе се реконструираат и тоалетите во оваа образовна установа, посочи Богоев.

Тој рече дека Бардовци и ова училиште во минатото биле заборавени, но денеска го развиваат тој дел. Веднаш до училиштето отвориле нов објект на градинка.

Директорката Матилда Бајкова, како што информираат од Општината, се осврна на соработката со училиштето „Други Шумадијски Одред“.

– Посебно ќе работат на размена на искуства меѓу учениците и наставниците на полето на културата, мултикултурализмот и историјата, имајќи предвид дека Северна Македонија и Србија се соседни земји, со голем број на сличности и разлики. Претставниците од двете училишта се фокусирани кон подигнување на јавната свест кај сите чинители и креирање на проекти за здрава исхрана и правилно искористување на отпадот, се наведува во соопштението од Општината.

Во следните два дена, гостите од Србија ќе посетат повеќе културни установи, Музејот на македонската борба, а дел од времето ќе го поминат и во Охрид. мс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом