Утрински Весник
Спорт

Металург се засили со Мариќ

Металург се засили со Мариќ

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Тимот на Металург си обезбеди четврто засилување за новата сезона. Се работи за Маријан Мариќ (23), кој потпиша двегодишен договор со „металурзите“,соопштија од клубот.

Левиот бек, висок 193 сантиметри, е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во тимот од Автокоманда доаѓа од екипата на Зрињски од Мостар (БиХ).

Хрватот е четвртото ново засилување за освојувачот на Купот на Македонија, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ферстапен ја донесе конструкторската титула за Ред бул во Сузука, двоен подиум за Мекларен

Де Јонг се повреди, ќе отсуствува до ноември

(Видео) Волеј на Бруно за победа на Јунајтед кај Барнли