Бело Хоризонте, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Капитенот на Аргентина, Лионел Меси изрази незадоволство од делењето на правдата во поразот (0:2) од Бразил во полуфиналето на Копа Америка.
Според Меси, судиите можеле да досудат два пенала за „гаучосите“ по играта со рака на домаќините во својот шеснаесетник.
– Бразилците играа со рака, направија валкани фаули, но немаше никаква казна. Неверојатно е тоа што судиите ниту еднаш не ја користеа ВАР технологијата, изјави Меси.
Најголемата ѕвезда на Аргентина на петте натпревари на купот постигна само еден гол, од пенал против Паргвај. Шанса да го поправи впечатокот Меси ќе има в сабота на натпреварот за третото место против поразениот од средбата Чиле – Перу. зс/