Утрински Весник
Бизнис

МЕПСО инсталира нова опрема во трафостаницата „Сушица“

МЕПСО инсталира нова опрема во трафостаницата „Сушица“

Скопје, 5 јули 2019 (/) – Стручните лица од енергетската компанија Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО) монтираа нова високонапонска опрема и го ставија под напон далекуводното поле што ја поврзува струмичката трафостаница кај село Сушица со трафостаницата Петрич во Бугарија, соопшти денеска МЕПСО.

– Мобилните екипи на МЕПСО, како што информираат, за три недели успеаја да монтираат нов прекинувач, два резделувачи и шест мерни (струјни и напонски) трансформатори. Сега 110 киловолтното далекуводно поле што ја поврзува трафостаницата „Сушица“ со трафостаницата „Петрич“ е функционално и е ставено под напон.

На 13. минатиот месец се случи голем дефект во трафостаницата „Сушица“ при што се запали дел од опремата заради што мораше да интервенира и локалната противпожарна служба. Тогаш без напојување со електрична енергија 20 часа останаа неколку населени места во струмичкиот регион. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

Бочварски: Обезбедивме дополнителни 1.550 транспортни дозволи годинава за транспортерите

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто