Утрински Весник
Спорт

Мекларен се раздели со својот главен инженер

Мекларен се раздели со својот главен инженер

Вокинг, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Главниот инженер на Мекларен, Пет Фрај го напушти тимот. Тој се приклучи минатата година, кога го замени Мет Морис, откако ослободениот од Торо Росо – Џејмс Кеј имаше ограничување за работа во друг тим.

Фрај можеби нема да има такво ограничување, бидејќи разделбата со тимот е со непосреден ефект.

Инженер од неговиот калибар најверојатно брзо ќе си најде место во друг тим. Не е исклучено, сепак, тој да се пензионира. Всушност, токму недостатокот на ангажман му овозможи на Мекларен да го привлече брзо во 2018.

Заминувањето на Фрај ќе значи дека новиот автомобил ќе биде дело главно на Џејмс Кеј.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Стаховски во остра „преписка“ со Троицки и Типсаревиќ за нивната посета на Русија

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП