Утрински Весник
Македонија

Медицински отпад фрлен во контејнери на „Јужен булевар“

Медицински отпад фрлен во контејнери на „Јужен булевар“

Скопје, 22 јуни 2019 (/) – Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашната ноќ и денеска регистрирале два случаја на незаконско одлагање медицински отпад во контејнерите поставени на булеварот „Македонија“, поранешен „Јужен булевар“.

Еко-патролата заедно со комуналните редари на Град Скопје и Државниот санитарен инспекторат, ги отстраниле садовите врз коишто било извршено темелно чистење и дезинфекција.

ЈП “Комунална хигиена”-Скопје апелира до правните субјекти што во рамките на својата дејност создаваат медицински отпад, да не го исфрлаат во садовите поставени на јавни површини, затоа што на тој начин го загрозуваат здравјето на вработените во претпријатието и ја контаминираат непосредната околина. бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието