Утрински Весник
Македонија

МВР: Секое правно лице има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед

МВР Билтен

Скопје, 2 јули 2019

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите што ги шири политичката партија ВМРО-ДПМНЕ . Согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед.

Условите се пропишани со Законот за возила односно членовите 62,63,64,65 и 66. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија.

МВР во сите случаи постапува согласно законите. Исто така не е точно дека некој има можност да влијае врз одлуките на стручните служби во министерството.

Што се однесува до вработувањата, токму во овој период МВР го промовира процесот на ветинг кој ќе покаже кој и како е вработен и тоа ќе и биде достапно на јавноста. Буквално секој вработен ќе биде подложен на ветинг и тогаш ќе се види кој е вработен на законит начин, а кој ќе мора да сноси одговорност.

Министерство за внатрешни работи 

_________________________________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат