Утрински Весник
Македонија

МВР ги зајакнува контролите за неспортски риболов во Пијанец

МВР ги зајакнува контролите за неспортски риболов во Пијанец

Делчево, 17 јуни 2019 (/) – Поради неколкуте случаи на неспортски риболов делчевската полиција во наредниот период ќе ги зајакне контролите на водите на река Брегалница. Случаите на неспортски риболов ги забележале членови на Спортско риболовното друштво „Брегалница”, кои, како што велат, ги пријавиле до надлежните во Делчево.

-Загрижени сме поради ваквата појава која е забележана и регистрирана на неколку ловишта на река Брегалница. Риболовците кои на неспортски начин ловат риба се фотографирани и прекршокот е пријавен до надлежните органи. Се надеваме дека таквите риболовци ќе бидат предупредени, а потоа доколку продолжат со неспортски риболов ќе бидат казнети, истакнаа од СРД „Брегалница”.

Риболовците апелираат до сите оние кои ќе забележат ловење на риба на неспортски начин, случајот да го пријават до надлежните органи на МВР во Делчево.

Река Брегалница во Делчево е се уште без концесионер поради што прекршувањето на пропишаните норми за спортски риболов и нивно санкционирање потпаѓа под надлежност на МВР. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот