Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – На 08.07.2019 година во 12:15 часот во Полициската станица Кичево, од Здравствен дом Кичево било пријавено дека бил донесен починат Р.Т.(51) од с.Мамудовци, кичевско. Лекар констатирал смрт како последица од струен удар. Според пријавеното, Р.Т. настрадал при изведување градежни работи. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 08.07.2019 година во 21.50 часот на регионален пат Градец-Гостивар, во село Неготино, Б.О.(18) од село Неготино, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бандера. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.О. и бил пренесен во Медицински центар Гостивар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.04.2019 година на регионален пат од Куманово кон село Пчиља, кај место викано „Ристово Трло“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Форд Мондео“, управувано од пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 08 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 356 возачи од кои 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле седум возила, брзината ја надминале 20 возачи, еден возач не користел сигурносен појас и четири други зборувале на мобилен телефон.

На 08.07.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.С.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 08.07.2019 година во 16.50 часот во Полициската станица Карпош, А.З.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„6“ во с.Бардовци бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 08.07.2019 година во 14.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„8-ми Септември“ од екипа на Итна медицинска помош беа видливи траги на насилство била пронајдена почината П.М.(50), која живеела сама и боледувала од повеќе болести. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција .

На 08.07.2019 година во 17.00 часот во Полициската станица Центар, М.В.(66) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат М.В.(73), кој боледува од Паркинсонова болест. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.07.2019 година околу 20.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница на ул.„Финска“ две лица извршиле разбојништво и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.07.2019 година во 07.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје, сопственост на Е.М.Е.(28) од Република Турција, непознати лица предизвикале пожар и одзеле пари. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.07.2019 година во ПС Карпош, В.Р.(52) од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држани од лицата А.С., Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К: (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. миа/миа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија