Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 јули 2019 (Утрински Весник) Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против Н.Ш.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил „тешка кражба“. На 25.06.2019 година во периодот од 15.30 до 16.45 часот на паркинг простор на бул.„АСНОМ“ во Скопје со употреба на сила од патничко возило „Фолксваген голф“ со со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М., одзел торба со лични предмети и спортска опрема, по што побегнал. По преземени мерки, на 03.07.2019 Н.Ш. бил пронајден и лишен од слобода. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото.

На 05.07.2019г. од полициски службеници на СВР Тетово приведен бил Х.Ќ.(40) од Тетово поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 05.07.2019 година во периодот од 17,30 до 19,00 часот извршен бил претрес во дом, помошни простории и угостителски објект на улицата „Штипска“ во Тетово, сопственост на Х.Ќ., при што пронајдени биле и одземени метална дробилица со остатоци од зелена тревкаста материја, шише исполнето со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 05.07.2019г. во 12.45 часот во Полициската станица Центар од полициска службеничка од СВР Скопје на Кеј Димитар Влахов, под мостот ,,Око’’ бил приведен Б.Ш.(44) од Скопје поради основано сомнение за сторена „тешка кражба на дрзок начин’’. На 05.07.2019г. во близина на Соборниот Храм во Скопје Б.Ш. извршил дрска кражба и почнал да бега. При бегството во близина на Владата на Кејот на реката Врадар бил забележан од полициската службеничка, но Б.Ш. скокнал во реката по што со цел да не избега по него во реката скокнала и полициската службеничка која пливајќи успеала да го стигне и приведе на другата страна од реката во близина на зградата на Основното јавно обвинителство. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии