Утрински Весник
Македонија

МВР – билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 јуни 2019 (/) Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Ч.Ј.У.(29) од Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 29 јуни 2019 година 30 минути по полноќ на граничен премин „Богородица“ допатувал со патничко возило „Фолксваген Туран“ со грчки регистарски ознаки и на увид дал бугарска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана. Пријавениот бил лишен од слобода за понатамошна постапка.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д.Х. од Република Грција, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 6 март 2019 година полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 23 и на 24 јуни2019 година извршил две кривични дела „тешка кражба“. Првиот ден на ул.„Благоја Паровиќ’’ во Скопје, пријавениот заедно со уште едно лице скршиле странично стакло на паркирано такси возило и одзеле пари. На 24 јуни 2019 година на ул.„Струмичка“ во Скопје, пријавениот, исто така, на такси возило скршил странично стакло и одзел пари. Веднаш потоа, тој бил лишен од слобода.

Вчера во 10 часот на граничниот премин „Деве Баир“ приведено е лицето А.Ј.(58) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Рено“ со турски регистарски ознаки, поради сомнение за фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност. Лицето е предадено на полициски службеници на Полициска станица Крива Паланка. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 15:15 часот во Полициска станица Бит Пазар, К.Х.С.(29) од Скопје пријавила дека на улица ,,Емин Дураку’’ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

Вчера во 12 часот во СВР Скопје, Е.К.Ј.(49) од Скопје пријавила дека на булевар „Јане Сандански’’ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром