Утрински Весник
Македонија

МВР апси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес

МВР апси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Министерството за внатрешни работи утрово уапси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за несовесно работење во службата.

Како што соопшти МВР, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со полицијата презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.

-По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје, појаснуваат од МВР,

Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом