Утрински Весник
Спорт

Марјановиќ потпиша со Далас

Марјановиќ потпиша со Далас

Далас, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Српскиот центар Бобан Марјановиќ потпиша договор за следните две сезони со тимот од НБА, Далас Маверикс.

Марјановиќ, 221 см, ќе добие 7 милиони долари за договорот.

Искусниот 30-годишен Србин ја започна претходната сезона во составот на Лос Анџелес Клиперс, но во февруари премина во Филаделфија како дел од договорот за трансферот на Тобајас Харис.

Тој одигра вкупно 58 натпревари во 2018/2019 со просечни 7,3 поени и 4,6 скока.

Во својата кариера во НБА од 2015 година, Марјановиќ играл уште во Сан Антонио и Детроит.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата