Утрински Весник
Спорт

Марота: Ќе разговараме со секој, што го сака Икарди

Марота: Ќе разговараме со секој, што го сака Икарди

Милано, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота го потврди интересот на клубот кон Един Џеко, Ромелу Лукаку и Николо Барела, а исто така изјави дека Интер е подготвен да преговара со секој за продажба на Мауро Икарди.

Марота изјави за „Скај Спорт Италија“ дека засега нема ништо конкретно за Икарди.

– Подготвени сме да преговараме со секој што сака да го купи Икарди, оценувајќи ја вредноста на играчот. Џеко и Лукаку се многу интересни играчи кои имаат различни квалитети. И двајцата се наши цели, јас нема да го негирам ова, изјави Марота.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања