Утрински Весник
Спорт

Марадона го напушти Дорадос поради здравствени причини

Марадона го напушти Дорадос поради здравствени причини

Кулиакан, 14 јуни 2019 (/) – Диего Марадона ја напушти тренерската позиција на мексиканскиот Дорадос де Синалоа по совет на лекарите, соопштија локалните медиуми.

– Според лекарски совет, ќе одвоиме потребно време за одржување на здравјето. Тој ќе претрпи две операции – на коленото и во рамото. Благодариме на Дорадос и ќе го продолжиме овој сон друг пат, изјави неговиот адвокат Матијас Морли во социјалната мрежа „Твитер“.

– Заедно го изненадивме светот. Покажавме страст кон фудбалот и големо срце. Ви благодариме за сè, ќе се видиме наскоро, пак, напишаа од Дорадос.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања