Утрински Весник
Македонија

Манојлоски ја напушти седницата на Комисијата за труд

Манојлоски ја напушти седницата на Комисијата за труд

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

Имено, Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.

Тој рече дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР  во врска со настанот. нд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Станковиќ: Не поддржуваме нови вработувања во Водовод, зошто Арсовска избрка луѓе бидејќи имало превработеност

Сузбиена организирана криминална група која криумчарела хероин во Хрватска

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер