Утрински Весник
Спорт

Македонските тимови ги добија противниците во ЕХФ купот во женска конкуренција

Македонските тимови ги добија противниците во ЕХФ купот во женска конкуренција

Виена, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Македонските ракометни претставници, Металург и Куманово денеска ги добија своите противници во ЕХФ купот во женска конкуренција.

Ждрепката во Виена денеска одлучи ЖРК Металург да се соочи со Заглебие Љубин од Полска, додека ЖРК Куманово за ривал го доби чешкиот клуб Славија Прага.

Првите дуели се играат на 7 или 8 септември, додека реваншите се закажани за по една седмица.

Двата македонски претставници ќе бидат домаќини во првите натпревари.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања